Во оваа секција достапни се трите модули за учење развиени во рамките на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот”. Модулите ги опфаќаат темите на финансиска писменост, управување со јавните и локалните финансии, лични финансии и инвестирање, фискална политика и евроинтеграција. Секој модул содржи теоретска содржина, практични вежби и материјали за дополнително учење.

Модулите се достапни за самостојно учење, но се наменети и за употреба во рамките на организирана обука под водство на фасилитатор.
За повеќе информации, детали и поддршка: promoidea4@gmail.com

Содржината на модулите е единствена одговорност на Здружение Центар за развој и промоција Промо Идеа Струмица, Здружение Новус Струмица и Здружение Круна Плус Радовиш и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.


МОДУЛ 1 – ФИНАНСИСКАТА ПИСМЕНОСТ КАКО КЛУЧНА ВЕШТИНА ЗА МЛАДИТЕ ЛИЦА

Овој модул ги воведува младите во темите на финансиска писменост низ практична и општествена призма. Преку разбирање на основите на личните финансии, јавните средства и буџетскиот систем, учесниците развиваат способност да препознаат ризици од корупција и неефикасно трошење на јавниот пари. Модулот поттикнува критичко размислување и граѓанска свест, со цел младите не само да се стекнат со повисоко ниво на финансиска писменост, туку активно да го набљудуваат начинот на кој се управува со јавните ресурси.

МОДУЛ 2 – УПРАВУВАЊЕ СО ЈАВНИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ФИНАНСИИ

Овој модул нуди сеопфатна слика за тоа како функционира системот на јавни финансии – од државниот буџет, даноците и јавните расходи, до локалните буџети и улогата на општините. Покрај јавните финансии, модулот ги поврзува и личните финансии на младите со пошироката економска слика: како одлуките за потрошувачка, штедење и инвестирање влијаат врз стабилноста на буџетот и економскиот развој. Посебен дел е посветен на инвестирањето, пазарот на капитал и пензискиот систем. Низ шест практични вежби, учесниците анализираат реални буџети, носат финансиски одлуки и подготвуваат предлози до локалните власти.

МОДУЛ 3 – УЛОГАТА и ВЛИЈАНИЕТО НА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ ВРЗ ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ И ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Овој модул го надградува разбирањето за јавните финансии со поширока институционална и европска перспектива. Ги разработува концептите на фискална политика, фискална дисциплина и економски циклус, а потоа ги поврзува со процесот на евроинтеграција: копенхашките критериуми, реформите во јавните финансии и буџетските стандарди кои Република Северна Македонија треба да ги исполни на патот кон ЕУ. Завршниот дел е посветен на улогата на младите: како да ги читаат државните и општинските буџети, да користат инструменти за граѓански надзор и да разберат зошто нивното учество во овие процеси е важно, како за државата, така и за евроинтеграцијата.


ПАКЕТ МОДУЛИ

Модул 1 – Финансиската писменост како клучна вештина за младите
Модул 2 – Управување со јавни и локални финансии
Модул 3 – Јавни финансии и ЕУ интеграција

ПАКЕТ ПРЕЗЕНТАЦИИ


ПОМОШНИ МАТЕРИЈАЛИ


The project is supported by the government of Switzerland through Civica Mobilitas
Проектот е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.