Промо Идеа Струмица на 11 март 2026 година одржа презентација и работна дискусија посветена на локалните предизвици поврзани со животната средина, зелената инфраструктура и можностите за поголемо учество на заедницата во утврдувањето на локалните приоритети.

На настанот беше презентирана основната идеја на проектот за зелено партиципативно буџетирање, по што следуваше разговор за тоа како граѓаните, а особено младите, ги препознаваат локалните климатски и еколошки предизвици. Учесниците споделија размислувања и предлози поврзани со зелените решенија, јавниот простор, квалитетот на живот и можностите овие теми постепено да се поврзат со локалното буџетирање.

Настанот овозможи корисна размена на ставови и почетни идеи, кои ќе послужат како дополнителен придонес во понатамошните проектни активности. Преку вакви активности се поттикнува поголема вклученост на заедницата во разговорите за поодржлива локална средина.