Здружение Центар за развој и промоција Промо Идеа Струмица во текот на 2026 година предвидува организација на нови активности насочени кон јакнење на знаењата и вештините на младите.
Во текот на пролетта 2026 година е планирана обука за млади посветена на теми поврзани со финансии, финансиска писменост, инвестирање и подобро разбирање на јавните и локалните финансии. Целта на активноста е да им овозможи на младите учесници да стекнат корисни и попрактични знаења за теми кои имаат сè поголемо значење во секојдневниот живот и во процесот на активно граѓанско учество.
Покрај тоа, за есента 2026 година е предвидена и обука насочена кон развој на дигитални вештини, со цел да се поттикне понатамошно учење, подобра информираност и посигурна примена на дигитални алатки кај младите.
Повеќе информации за овие активности ќе бидат објавени дополнително.