Од 25 до 27 јуни 2025 година во Гевгелија, се одржа средба за вмрежување на Цивика мобилитас, на која учествуваа над 80 претставници од 65 граѓански организации.
Промо Идеа Струмица заедно со партнерите во спроведувањето на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ финансиран преку програмата Цивика Мобилитас учествуваше во рамките на сесиите кои беа дел од тридневниот настан.
На првиот ден од средбата, предмет на дискусија беше улогата на новоформираниот Совет за соработка и развој на граѓанскиот сектор, како советодавно тело во рамките на Владата. Постоењето на Советот им овозможува на граѓанските организации да имаат директен пристап и комуникација со претставници на Владата, кое треба да придонесе кон подобра меѓусебна комуникација.
Во рамките на вториот ден беше иницирано воспоставување на граѓанската платформа и беше дискутирано за предизвиците, ризиците и пречките со кои би можела да се соочи при нејзиното функционирање. Покрај тоа, во текот на вториот ден беа презентирани клучните наоди од Анализата на политичката економија и моќта (PEPA) и Извештајот за доверба во граѓанското општество за 2024 година.
Во делот на соработка со локалната самоуправа, беа презентирани активностите на Цивика мобилитас насочени кон подобрување на комуникацијата со локалните власти, а беа идентификувани приоритети и очекувања од граѓанските организации од идните носители на локалната власт.




