На 24.12.2021 година во организација на Промо Идеа, Струмица, во рамките на проектот „Родова правичност и рамноправност во руралните средини во Југоисточен регион“ се одржа тркалезна маса на тема „Повеќе и подобри работни места за жените“.
Главна тема на тркалезната маса беше состојбата со вработеноста кај жените во општина Дојран, која беше избрана како пилот општина од Југоисточен регион за спроведување детална анализа.
Како резултат од спроведеното теренско истражување во периодот ноември-декември 2021 година, на тркалезната маса беа претставени пет препораки за зголемување на вработеноста кај жените во општината:
- Да се воспостави локален систем за евиденција, анализа и регистрирање на невработени лица;
- Да се поттикне и овозможи преквалификација и доквалификација на невработените жени со цел усогласување со барањата на приватните инвеститори на пазарот на труд;
- Да се поттикне самовработувањето на жените;
- Да се прошири опсегот на услуги од страна на општината и нејзините јавни претпријатија со цел креирање на можности за вработување на жените;
- Да се воведуваат ad hoc мерки, согласно специфични потреби;
На настанот учествуваа вкупно 23 учесници претставници од општинските администрации, институции од областа на културата, граѓански здруженија, невработени лица итн.Оваа активност е реализирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Проектот „Родова правичност и рамноправност во руралните средини во Југоисточен регион“ е поддржан преку ре-грантирање на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“, кој се спроведува од страна на Здружение Конфиденс Скопје.