
На 17ти октомври 2016 година беше потпишан Договор за финансиска поддршка на проектот “Подобрување на конкурентноста на МСП во прекуграничниот регион преку поттикнување и промовирање на нетехнолошките иновации (INNOFOSTER)” со што Здружението Центар за развој и промоција Промо Идеа – Струмица и партнерите Здружението Бизнис Информативен и Консултански Центар – Сандански започнаа со имплемнтација на планираните активности.
Проектот има за цел преку промоција и популаризација на нетехнолошките иновации да помогне за зајакнување на бизнис врските на прекугранично ниво меѓу малите и средни претпријатија од Македонија и Бугарија, како и помеѓу организациите за поддршка на бизнис секторот од двете земји.
Реализацијата на проектот ќе го олесни пристапот до нови и иновативни практики и процеси, а со тоа ќе се зголемат перспективите и потенцијалот за раст на бизнис секторот. Во таа насока, во почетната фаза на имплементација на проектот ќе биде подготвен детална анализа, кои ќе ги дефинира главните фактори кои се погодни или го попречуваат развојот на нетехнолошките иновации во МСП во прекуграничниот регион.
Во рамките на различни настани за размена на искуства и создавање на партнерства ќе биде поставен темелот на Заедничката прекугранична мрежа за промовирање и развој на нетехнолошките иновации за малите и средни претпријатија од прекуграничниот регион. Преку создадените контакти меѓу компаниите ќе се олесни соработката меѓу бизнисот, научните и истражувачките институции и организациите за поддршка на бизнис секторот во сферата на развој и имплементација на иновации.
Со цел да се поттикне и зголеми иновативниот потенцијал на МСП, во рамките на проектот се предвидува организирање на серија на семинари за обука (обединети во рамките на кампањата за зголемување на капацитетот и вештините на МСП) насочени кон развој и примена на нетехнолошки иновации во бизнисот. Во таа насока, во рамките на проектот ќе бидат спроведени осум тренинг обуки – четири во Бугарија и четири во Македонија, во рамките на кои високо квалификувани експерти ќе ги обучуваат компаниите за основните видови нетехнолошки иновации и како тие можат да ја зголемат нивната конкурентност и потенцијал за раст и развој.
Промо Идеа ќе отвори Биро за информација и советување со рамките на кое надворешни експерти и стручни лица ќе бидат во можност да обезбедат совети, информации и консултации во однос на иновации или поконкретно за надминување на основните препреки за воведувањето на нетехнолошките иновации од страна на МСП од прекуграничниот регион.
Во рамките на проектот ќе биде развиен и веб-портал (InnoRegion) кој ќе собира и популаризира информации на теми поврзани со нетехнолошките иновации и ќе обезбеди платформа за бизнис соработка меѓу компании од прекуграничниот регион и потенцијални инвеститори.
Ќе биде развиено иновативно онлајн (on-line) решение Виртуелен Експо Центар кој ќе служи за организирање и хостинг на виртуелни саеми и изложби. Во рамките на проектот ќе биде спроведен еден виртуелен онлајн саем во кој ќе бидат вклучени компании од двете земји од прекугрничниот регион.
Во завршната фаза на проектот ќе биде развиена и лансирана платформа за учење “Виртуелна академија за нетехнолошки иновации”, која ќе биде прилагодена на потребите на МСП од најиновативните вклучувајќи ги и оние со висок потенцијал за иновации, идентификувани во анализата на моменталната ситуација во однос на развојот на иновациите во двете земји. Сите овие активности ќе придонесат за поддршка на долгорочната перспектива за развој на локалниоти регионалниот бизнис, која зависи од континуираната инвестиција во иновации и зголемувањето на конкурентноста на локалните и регионалните економии.